ДОМ апелира да не се усвои ДУП-от во Ѓорче Петров

ДОМ апелира да не се усвои ДУП-от со кој што се планираат огромни објекти во подрачјето на третата заштитна зона на бунарите Нерези-Лепенец, во општина Ѓорче Петров.

„Иако со планираните 20% зеленило на парцела Законот за урбано зеленило формално е применет, во овој план од претходно 80% слободни површини се предвидени само 9% јавно зеленило. Дополнително, изградбата на објекти во третата заштитна зона на бунарите Нерези-Лепенец и копањето во длабочина за реализација на подземни паркиралишта, може да направи огромна штета“, се вели во соопштението од ДОМ.

ДОМ инсистира да запре искористувањето на слободните површини во Скопје за изградба на згради и деловен простор.

„Бетонирајќи ги слободните површини, засекогаш се оневозможува да се постигнат со закон утврдените 25 м2 зеленило по жител, наместо постојните 9 м2. Недостатокот на зеленило и зголемувањето на густината на изграденост штетно влијаат на квалитетот на воздухот, локалната клима и квалитетот на живот и здравјето на граѓаните во урбаните средини“, додаваат од ДОМ.

 

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе