ВМРО-ДПМНЕ

Димовски: Заев го штити, Спасовски го пази, а Дудуш тепа

„Скандал во МВР. Полицијата фалсификува записник за да го спасат Курто Дудуш, градоначалникот на Шуто Оризари, од одговорност. Зоран Заев сѐ уште молчи наместо да го разреши“, изјави денеска Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој не само што бесправно лишел од слобода граѓанин во својот кабинет и притоа го измачувал, тепал и навредувал, туку и пријавата за ваквото негово однесување мистериозно се претворила во обична поплака за која МВР не е должно да постапи. Ова веќе директно го вмешува и самиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, за кого пак скандалите секој ден се повеќе се редат. Значи Заев го штити, Спасовски го пази, а Курто Дудуш си тепа граѓани. Затоа премиерот Заев молчи, а Спасовски купува време. Практично зомби системот каде криминалот и корупцијата се во најдобра спрега го штитат градоначалникот пулен на Заев“, изјави Димовски.

Тој обвини дека според информациите кои излегле во медиумите лицето кое било тепано и измачувано во градоначалничкиот кабинет го пријавило случајот во полициска станица Чаир на 1 мај, за еден ден потоа, веројатно под притисок, оваа пријава да се претвори во обична поплака.

„За јавноста да знае поплаката е помала и поблага форма на акт со кој полицијата е само информирана. Од снимката која ја емитуваа медиумите јасно се слуша дека Курто Дудуш, додека го тепа и измачува лицето во својот кабинет му кажува дека е близок со министерот Оливер Спасовски, дека комуницира со него лично и дека секој оној којшто му се спротивставува или го тепа или му прави да има проблеми со полицијата. Ете го одговорот како се заташкал целиот овој скандал и во кој очигледно имаат вмешано прсти високи полициски функционери ако не и самиот Оливер Спасовски. Потребни се одговори директно од Оливер Спасовски, бидејќи ако ова е точно, а сепак се работи за официјални документи од МВР, тогаш полицијата и Спасовски стануваат соучесници во изживување, тепање и навредување на граѓани во функционерски кабинети“, рече Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ бара од Заев да го осуди насилството од страна на Курто Дудуш и да побара негова оставка. 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе