Демократски сојуз: Со објавување нелегално снимени разговори се загрозува правната сигурност

Демократскиот сојуз смета дека со објавување на нелегално снимени разговори се загрозува приватноста и правната сигурност на граѓаните. Демократскиот сојуз, како што стои во партиското соопштение, предлага Јавниот обвинител во соработка со МВР и другите институции, доследно да ги применува законските овластувања.

„Прво, разговорите да ги користи за проверување на изнесените работи преку собирање на информации, факти и докази, како и за покренување на соодветни постапки. Второ, да поведува постапка за неовластено снимање на разговори и трето, да поведува постапка за тие што неовластено објавуваат тајно и нелегално снимени разговори“, се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека се за заштита на јавниот интерес и поддржуваат објавување на разговори со кои се разоткриваат криминални активности, но мора да постои и одговорност за злоупотреба на приватноста за политички цели.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе