Демократски сојуз: Негирањето на македонскиот народ и јазик е национализам и шовинизам

Демократскиот сојуз смета дека блокадата на европскиот пат на Македонија од страна на Бугарија е катастрофална грешка со тешки последици по односите помеѓу двете држави и народи, а ќе се рефлектира и на стабилноста на Балканот во целина.

„Да се негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик е манифестација на национализам и шовинизам. Оваа офанзива на Бугарската Влада, покрај другото е и поради неоснованиот страв од рушење на границите помеѓу Македонија и Бугарија при влезот на Македонија во ЕУ, како и на нискиот рејтинг на националистичката партија предводена од Каракачанов во Бугарија, од која зависи и опстанокот на Владата на Бојко Борисов. Македонската Влада мора сосема јасно и гласно да објави дека нема разговори и преговори за македонскиот народ и македонскиот јазик. Македонскиот народ е автентичен народ, а македонскиот јазик е изворен и создаден низ илјадници години наназад. На Балканот насекаде живеат Македонци, некаде повеќе некаде помалку и тие се, или треба да бидат мост за разбирање, меѓусебно почитување и градење на добрососедски односи“, пишува во соопштението од Демократски сојуз.

Според партијата, во Македонија сите национални малцинства, етнички заедници или делови од други народи (вклучително и Бугарите) се рамноправни граѓани и слободно можат да ги афирмираат своите културни и јазични особености, да се здружуваат да формираат партии и сл. Тие се основни човекови права и слободи, како и правото на самоопределување и изјаснување за припадност на одредена нација, вера и сл.

„Македонија ниту досега, ниту во иднина ќе се меша во внатрешните работи на другите држави ниту пак има територијални претензии. Сѐ она што се постигна во последните триесет години во односите помеѓу Македонија и Бугарија, сега стои на стаклени нозе и од бугарскиот народ и власт зависи дали сѐ ќе се сруши. Ќе треба долг период  да се излечат лузните од несфатливиот авантуристички поход на Бугарија“, додаваат од партијата.

Демократскиот сојуз сугерира нашата дипломатија да отпочне офанзива за да ги објасни апсурдните барања на Бугарија пред земјите членки на ЕУ и пошироко, а Парламентот да донесе резолуција за тоа дека Македонија останува на европскиот пат.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе