Демократски сојуз ја поддржува идејата за основање фонд за критички медиуми

Владата да го прифати нашиот предлог за воведување посебен фонд за финансиска поддршка на критичките медиуми и истражувачкото новинарство, како и за проекти за борба против лажните вести со средства од буџетот во износ од најмалку 2 милиони евра, при што парите ќе се делат транспарентно од страна на независно тело составено од професионалци, новинари, претставници на новинарските здруженија и синдикати, се вели во денешното соопштение на Демократски сојуз.

Демократскиот сојуз исто така ја поддржува Владата што побрзо да ги подготви законските измени според кои физички напад на новинар ќе се смета за напад врз службено лице, а досегашните случаи ќе бидат процесуирани и виновниците соодветно казнети.

Партијата нагласува дека слободата на медиумите е клучна за развојот на демократијата и одговорноста и отчетноста на власта, а таа е невозможна без финансиски независни и професионални медиуми и новинари.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе