Демократски сојуз: Изборите беа фер и слободни

Демократскиот сојуз оценува дека локалните избори за совети на општините и градоначалници во првиот круг се одржаа во услови на фер и демократска атмосфера што им овозможи на граѓаните слободно да ја изразат својата политичка волја.

„И покрај тоа што новиот систем на гласање со отпечаток од прст создаде одредени, проблеми односно го забави процесот на изјаснување на граѓаните сепак на крајот може да се оцени дека придонесе за заштита на изборниот процес и беше брана од фалсификати и манипулации со гласањето што беше присутно во некои од минатите изборни процеси“, се наведува во соопштението од Демократски сојуз.

Од партијата додаваат дека очекуваат кампањата за вториот круг за избор на градоначалници да се одвива во натпреварувачки дух и фер и демократски амбиент.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе