Демократски сојуз: Државните функционери да го почитуваат достоинството на македонскиот народ

Демократскиот сојуз ги повикува највисоките државни функционери кои преговараат со Република Бугарија за да изнајдат решение за симнување на блокадата на почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, да го почитуваат достоинството на македонскиот народ, македонскиот идентитет и јазик, вековната борба за национална слобода и да не прифаќаат решенија кои претставуваат ревизија на историските настани.

„Премиерот, како и сите македонски граѓани, има право на личен став за односите со Република Бугарија и за начините на решение на спорот, но тој ја има и одговорноста тоа што го говори да не ги повредува чувствата на Македонците и да изнаоѓа решенија кои ќе ги заштитат државните и националните интереси.

Демократскиот сојуз потсетува дека антифашистичката борба и АСНОМ се во темелите на македонската држава и не смее да се дозволи релативизација на улогата на тогашниот фашистички режим на нашиот источен сосед. Бугарија и бугарскиот народ се наши соседи и пријатели и со нив треба да градиме заедничка иднина во ЕУ. Тие немаат ништо заедничко со фашистичкиот режим на Цар Борис и окупацијата на Македонија во текот на Втората светска војна, со обидите за денационализација и страдањето на македонскиот народ, со илјадниците жртви што паднаа во борбата за национална слобода, со депортацијата на Евреите во логорите на смртта. Но таа историска вистина не може да се фалсификува и да се избрише“, соопшти Демократскиот сојуз.

Од партијата додаваат Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија има законска сила и неговото почитување е предуслов за добрососедските односи, мирот и соработката меѓу двата народи и двете држави.

„Демократскиот сојуз нема да поддржи менување и ревизија на овој меѓудржавен договор на штета на македонските национални интереси. Во текот на повеќевековната историја на македонскиот народ има настани и личности кои нѐ поврзуваат со Бугарија и со бугарскиот народ и тоа треба да биде основа за идното заедништво и надминување на недоразбирањата.

Демократскиот сојуз смета дека членството во Европската Унија е од највисок приоритет за РС Македонија, но услов за тоа не смее да биде грубото газење врз европските принципи и вредности, меѓу кои клучна е антифашистичката борба на европските народи, во која македонскиот народ имаше своја славна улога“, велат од ДС.

 

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе