Демократски сојуз бара за следните избори да се смени изборниот модел

Демократскиот сојуз смета дека периодот по завршувањето на изборите и формирањето на владата е вистински момент за промена на изборниот модел и за следните парламентарни избори.

Од партијата предлагаат да се формира работна група составена од пратеници и експерти која во наредните три месеци ќе ги подготви измените на Изборниот законик. Работната група треба да подготви темелна анализа на изборниот модел и да предложи измени кои ќе создадат еднакви шанси за изборен натпревар на сите политички партии.

Демократскиот сојуз предлага Македонија да го задржи пропорционалниот модел, но да биде една изборна единица, со отворени листи и без изборен праг. Со овие промени, составот на парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните и ќе се демонтира „еднопартискиот систем“ на владеење кој овозможува менување на власта само на две доминантни политички партии.

Демократскиот сојуз, исто така ги повикува сите поголеми и помали политички партии застапени во Собранието да застанат зад идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи.

„Граѓаните заслужуваат нивната политичка волја да биде почитувана и нивниот глас да биде вистински вреднуван и отсликан во највисокиот законодавен дом“, додаваат од партијата.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе