Демократски сојуз бара вонредна седница на Парламентот за случувањата со СЈО

Демократскиот сојуз смета дека актуелните случувања поврзани со Специјалното јавно обвинителство налагаат потреба од одржување на вонредна седница на Парламентот на Република Северна Македонија, на која ќе се расправа за работата на СЈО и ќе се донесат законски измени со кои СЈО ќе се вклопи во системот на Јавното обвинителство, ќе се обезбеди двостепеност и контрола над работата на СЈО.

„Воедно треба да се создадат законски можности Специјалниот јавен обвинител да го избира Советот на јавни обвинители на предлог на Јавниот обвинител на РСМ.

Демократскиот сојуз инсистира на сеопфатна и неселективна истрага во која ќе бидат опфатени сите кои се вклучени во оваа злосторничка-рекет банда и да понесат одговорност, посебно носителите на високи функции во законодавната, извршната и судската власт.

Сугерираме целокупниот материјал (информации, податоци, докази, прислушувани материјали и сл.) со кои располага СЈО, надлежното обвинителство и судот да го стават под посебна заштита и да спречат уништување на докази. На стручниот кадровски потенцијал во СЈО да му се обезбедат услови да продолжи непречено да работи“, пишува во соопштението од Демократски сојуз.

Оттаму додаваат дека криминализацијата ја разорува државата и затоа е неопходно да се направи пресврт во борбата против криминалот како клучен предуслов за воспоставување на систем на владеење на правото.

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе