Демократски сојуз бара темелна истрага за увозот на отпад

Демократскиот сојуз инсистира на темелна истрага за увозот на отпад во Македонија во која треба да се вклучат службите за разузнавање и национална безбедност, МВР, како и Царинската управа и Министерството за животна средина, за да се расчисти дали во Македонија се увезува отпад за складирање или за горење. 

„Да се испита како и на кој начин се контролира увозот на отпад, дали на депониите во Македонија се складира отпад од увоз и кој врши анализа на отпадот, кои фирми користат гориво од отпад, дали има увоз на отпад под друга декларација, како и други битни елементи.
Аферата во Бугарија околу сомнителниот отпад од Италија, ја наметнува потребата од непосредна соработка со бугарските власти, меѓу другото, бидејќи како увозник се јавува фирма каде сопственички удел има и директорот на ЈП ‘Дрисла‘ каде се складира отпад.

Важно е да се провери и тоа дали директорот на ‘Дрисла‘, претпријатие кое извршува функција за граѓаните од исклучителен јавен интерес, може да има фирма за трговија со отпад дома или во странство. Натаму, инспекторите за животна средина треба да направат вонредна контрола и проверка на сето она што се складира и гори во депонијата ‘Дрисла‘, но и во други фирми кои користат отпад во процесот на производство (производство на челик, цемент и др.)“, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз.

Од партијата потсетуваат дека државните институции имаат обврска да ги штитат граѓаните од увоз, складирање и користење на штетен отпад, а не со изјави во јавноста да не замајуваат, дека увозот на отпад е од „кредибилни компании“ и слични флоскули, а зад сето тоа да се крие криминал со огромни суми.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе