Демократски сојуз бара промена на изборниот модел

Демократскиот сојуз подготви Предлог-закон за промена на Изборниот законик со кој се предлага Македонија да биде една изборна единица.

„Се залагаме за пропорционален изборен модел со тоа што Македонија ќе биде една изборна единица, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, ќе се зголеми одговорноста на извршната власт и конечно ќе се демонтира ‘еднопартискиот систем‘, каде лидерот на владејачката партија и воедно премиерот одлучува за сѐ.

Инаку заговарањето за враќање на мнозинскиот модел значи враќање на насилството на улиците“, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз.

Оттаму најавуваат дека вечерва партиското Претседателство треба да го утврди текстот на законот, а во текот на утрешниот ден ќе го достави до Парламентот.

 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе