Демократски сојуз бара да се забрани увоз на отпад кој се користи како гориво

Демократскиот сојуз ги повикува надлежните органи во државата наместо да го трошат времето убедувајќи ги граѓаните дека годинава воздухот е помалку загаден од лани, да преземат итни мерки за  заштита на здравјето на граѓаните од аерозагадувањето. 

„Фактот што Советот за национална безбедност ќе расправа за аерозагадувањето, потврдува дека тоа е ‘непријател број 1‘ кој го загрозува здравјето на граѓаните.

Демократскиот сојуз смета дека доколку во подготовката и спроведувањето на Стратегијата за намалување на аерозагадувањето се вклучат експерти (никако политички манипуланти), сигурно ќе има поголеми позитивни ефекти“, пишува во партиското соопштение.

Од ДС сугерираат да се забрани увоз на отпад кој се користи како гориво (дотогаш увозот строго да се контролира), да се забрани увоз и користење на мазут со високи концентрации на штетни материи (сулфур и др.), да се исфрли користењето на црвената нафта во сообраќајот, да се исклучуваат возилата кои испуштаат штетни гасови повисоки од утврдените стандарди на ЕУ, да се забрани користење на прегорено масло за затоплување во помалите фирми, работилници, дуќани и сл. 

„За овие мерки да дадат резултати, ги повикуваме надлежните инспекциски органи да ја зголемат контролата и инспекциите на теренот, а надлежните институции да предвидат и законски измени за повисоки казни на прекршителите“, се додава  о соопштението.

Истовремено, ДС ги повикува надлежните органи во Министерството за заштита на животната средина и Владата да ги преиспитаат А- интегрираните еколошки дозволи кои им се доделени на големите индустриски капацитети во најзагадените градови во Македонија (Скопје, Битола, Тетово...), зашто и покрај вградувањето на филтрите овие капацитети придонесуваат за загадувањето на воздухот.

Демократскиот сојуз предлага Владата, освен со итни дополнителни средства од буџетот или со средства од европските фондови, да интервенира и со други мерки кои даваат позитивни ефекти - замена на печките на дрва со печки на пелети, гас, инвертери и сл.

На долгорочен план, пак, неопходна е гасификација на целата држава, исфрлање од употреба на возилата кои загадуваат, како и јакнење на свеста кај граѓаните за заштита на животната средина, за што е потребен итен план со јасни рокови и надлежности.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе