Демократски сојуз бара да се укине полицискиот час

Демократскиот сојуз во врска со актуелните состојби предизвикани од пандемијата предлага укинување на неколку мерки, бидејќи, како што велат од партијата, долготрајните рестриктивни мерки со кои се ограничува движењето го нарушуваат физичкото и менталното здравје на граѓаните и го намалуваат имунитетот.

„Прво, да се укине полицискиот час со што ќе им се овозможи на граѓаните да го нормализираат животот, пред сѐ поврзан со извршување на секојдневните фамилијарни и работни обврски.

Второ, да се нормализира работата на здравствените установи, посебно од терцијалната заштита (клиники, институти и сл.), затоа што десетици илјади хронично болни се без соодветна здравствена заштита.

Трето, да се нормализираат спортските и културите активности согласно протоколите за социјална дистанца и другите заштитни мерки.

Четврто, да се нормализира работата на хотелите, рестораните, кафетериите и другите угостителски објекти, согласно препораките на здравствените власти“, пишува во соопштението од Демократскиот сојуз.

Од партијата и натаму ги повикуваат граѓаните за целосно почитување на мерките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширење на пандемијата предизвикана од корона вирусот ковид-19, но апелира до здравствените власти, мерките што ги предлагаат да бидат растеретени од какво било политичко влијание, и да бидат донесени само врз основа на реални факти и податоци и експертски анализи и проценки.

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе