Демократска партија на Турците ги осудува сите влијанија врз функционирањето на ИВЗ

Демократска партија на Турците соопшти дека сериозно се загрижени и со големо внимание ги следат случувањата во Исламската верска заедница.

„Крајно сме загрижени поради последните случувања во врска со ИВЗ, кои го нарушуваат угледот на нашата вера Исламот, која што е религија на мирот и толеранцијата. Поради тоа, изјавуваме дека најостро ги осудуваме сите надворешни и внатрешни влијанија врз функционирањето на ИВЗ, која има своја автономија во функционирањето на верските заедници во нашата држава.

Години наназад оваа институција е постојана мета на критики, кои негативно и штетно влијаат врз угледот на припадниците на исламската религија во нашата земја, која е со мултиетнички и мултиконфесионален карактер”, се вели во соопштението.

Од партијата ги повикуваат надлежните институции во државата, да бидат крајно претпазливи при носење на какви било одлуки во врска со институцијата која е крајно чувствителна за припадниците на исламската религија, а истовремено ги повикуваат и надлежните на Исламската верска заедница, како претставници на Муслиманите во земјата да се однесуваат крајно внимателно и одговорно при носење на секакви одлуки во процесот на функционирањето на институцијата.

„Демократската партија на Турците во своето 30-годишно постоење, секогаш беше главен заштитник на духовните и културните вредности на Турците и на сите други припадници на исламската религија во нашата земја, и поради тоа, во никој случај нема да дозволиме нашата религија да биде злоупотребена за политички и други цели”, се додава во соопштението.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе