Демократска фракција на ВМРО-ДПМНЕ: На повидок е конечно разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ со претседателските избори

Непринципиелните и погубни дневни политики на актуелното раководството на ДПМНЕ по се изгледа свое финале ќе добијат со претседателските избори, пишува ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција во денешното соопштение.

„Последните потези со фаворизирање на соросови надпартиски кандидати за претседател или пак охрабрување за кандидатура на истрошени партиски кадри (понизни дечки на сите досегашни партиски гарнитури) го исфрлаат на виделина сценарио за понатамошна девалвација на ВМРО ДПМНЕ, нејзино згаснување и заминување во историјата. Ваквите изнасилено мотивирани петиции за наводна народна и надпартиска поддршка на кандидат за претседател беа вообичаена пракса во времето на владеење на бегалецот од Будимпешта и за жал истата повторно продолжува.

Сценариото и епилогот на партиската конвенција се однапред познати и тие се копија на Кумановскиот и Валандовскиот партиски конгрес со однапред познат победник и сигурни гласачи. Се работи за веќе видена фарса и глумење демократија“, пишува во соопштението.

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, како што додава, поради ова е загрижена од опасноста конвенцијата да стане арена каде силите ќе ги одмерат поранешните груевисти, а сега најголеми антигруевисти со мали и тапи ножиња со т.н надпартиски провмровски калкуланти инсипирирани и мотивирани од послушниците и наследниците на пребеганиот херој.

„Почитувани членови на партијата и загрижени патриоти, Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ смета дека крајно време е да ставиме крај на понатамошно обезличување на партијата и на обидите да згасне сѐ она што е чесно, праведно и вмровско. ВМРО-ДПМНЕ поседува интелектуален и морален капацитет и сила да одговори и да ги запре ваквите нечесни и задкулисни игри кои се во функција на реализација на зацртаните цели на Зоран Заев и СДСМ. Со вака изрежирана конвенција ВМРО-ДПМНЕ ја пропушта можноста со достоен претседателски кандидат од вмро-вска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот и достоинството потпрени на вредности препознатливи по личната чест и посветеноста кон татковината и нацијата. Реализацијата на личните егоистични и туѓите намери и интереси мора да биде санкционирана со најостра политичка одговорност“, се наведува во соопштението.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе