Реакција

Демант од ФИТР: Никој од нашите вработени не учествува во селекцијата на проектите

Јавниот повик „Стартапувај 3“ е наменет за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф, кои според законот се компании не постари од 6 години. Поддршката преку овој повик е наменета на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација, како и проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза, се вели во демантот на Фондот за иновации и технолошки развој на денешната изјава на потртпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

„ФИТР е единствена институција во државата која го мониторира секое евро инвестирано во секоја компанија. Процесот на мониторинг го водат дури 5 интернационални компании. Како што повеќе пати сме информирале, никој од вработените на ФИТР не учествува во процесот на селекција на компаниите кои ќе добијат финансиски средства.

Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од 3 стручни лица. Секоја компанија која ќе има над 51 поен, поминува во финална селекција, а финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од 5 светски експерти. Марвин Лиао, претседателот на КОИ е поранешен директор на Јаху, а и самиот има инвестирано во над 400 стартапи.

ФИТР е единствена институција во државата која има сертификат ISO: 31007 за борба против корупција.

Со новата бројка од 70 стартапи одобрени преку инструментот „Стартапувај 3“, бројката на поддржани стартапи во целокупното портфолио на ФИТР достигна 393 компании со заеднички инвестиции од дури 32 милиони евра. Според анализите кои ги направивме, кај стартапите во период од една година пред користење на финансиите, до 2 години по нивното искористување, просечните приходи имаат раст од 197%. Во истата временска рамка просечните расходи се имаат зголемено за 220%.

Наспроти лагите и манипулациите на опозицијата, сите анализи покажуваат дека политиките на ФИТР се ефикасни. Според резултатите добиени од импaкт евалуацијата на Фајнанс тинк која вели дека од вкупно 12 индикатори за ефикасноста на државната помош, ФИТР има ефикасна поддршка во 7 индикатори, и тоа: врз продажбата, технологијата, продуктивноста, профитот на компаниите, паричната ликвидност и пазарниот удел.

Според истражувањето на Стартап Македонија, дури 70% од македонските стартапи се финансирани од ФИТР, а ФИТР е клучна институција за финансиска поддршка во екосистемот.

Финансиите на ФИТР се инвестираат на вистинско место во компаниите со најголем бизнис потенцијал“, се вели во реакцијата на Фондот за иновации.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе