„Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица со насилството на протестите изминатите два дена, со дивеење на насилници со качулки, повредени полицајци, со каменување, фрлање запаливи течности, уништување го покажува своето вистинско лице и вистинска цел да создаде тензии, поделби и раздор, да се закочи целата држава. Ова не може да го дефокусираат никакви лаги на Драган Ковачки. Токму Ковачки е дезертер од Армијата кој избра да им служи на деструциите на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Партијата нагласува дека Ковачки шири лажни и бара од него да одговори:
„Дали токму тој е координатор на поранешни припадници на единицата Волци кои синоќа ги предводеа насилствата, во обид да предизвикаат реприза на 27 април“?
СДСМ на крајот порачува дека заедно со институциите и граѓаните, „нема да дозволиме насилничкото однесување и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрозат државата“.