Чоловиќ Лешоска: Со прогласувањето на третото Рамсарско подрачје во државава треба да се стави крај на загадувањето и непланската урбанизација

Македонија го назначи Охридско Eзеро како свое трето и најголемо Рамсарско подрачје, 2.449 по ред на листата на водни живеалишта од меѓународна важност. Охридското Eзеро се смета за најдлабокото езеро по просек во Европа и е светско заштитено подрачје од 1979 година.

Езерото располага со чиста вода богата со кислород која придонесува кон изобилството на видови, што го прави езерото живеалиште со  рекордна стапка на биодиверзитет во светот. Дом е на повеќе од 1.200 видови на животни и растенија, од кои 200 се ендемски и заштитени, како слатководниот полжав, ендемската белвица, белокрилата црнка...

„Прогласувањето на Охридско и Студенчишко блато е голем успех за што е заслужно Министерството за животна средина и просторно планирање, но и граѓанскиот сектор, што покажува дека доколку работиме заедно, можеме да постигнеме многу. Иако прогласувањето е за поздрав, мора да бидеме свесни дека ако самите не го чуваме ова природно богатство, лесно можеме да го изгубиме, затоа, сите мерки треба да се стават во функција на спречување на загадувањето, непланската урбанизација, узурпацијата на крајбрежјето и уништување на трската и блатото. Неопходно е започнување со стратешко планирање на одржливи решенија кои ќе придонесат кон развој на регионот и туризмот, а воедно ќе ја заштитат природата и човековото здравје“, вели Ана Чоловиќ Лешоска, координаторка за политики во WWF.

Aна Чоловиќ-Лешоска

Ова езеро се формира примарно од потоци, додека дождот и водата од соседното Преспанско езеро преку подземни водни текови во карстниот предел се слеваат во езерото. Овие канали се со разновиден хемиски состав и креираат уникатни микроживеалишта каде живеат глобално уникатни безр’бетници. Овие услови богати со кислород овозможуваат чиста вода за вертикалните живеалиштата кои се протегаат до 150 метри длабочина, и кои поддржуваат ендемски таксони од фитоплантонот па се до предаторската риба.

Во овој предел на источниот брег исто така се наоѓа и мочуриштето Студенчиште, што пак вклучува алкални хранливи материи за прочистување и овозможува услови за гнездење, мрестење, и презимување на различни птици и риби. Мочуриштето за жал е жртва на човечките актвиности  и во последните години се намалува, а живеалиштето се деградира, но сеуште важи за дом на меѓународно ретки растенија, инсекти, ендемски безр’бетници, како и заштитени видови на влекачи и водоземци.

Луѓето живеат околу брегот на ова езеро во изминатите 8.000 години, што го прави пределот погоден за палеолошки истражувања. Денес ова езеро не само што овозможува чиста вода за пиење за илјадници граѓани, но и допринесува многу за регионалниот туризам.

Рамсарска конвенција или Конвенцијата за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици е потпишана во Рамсар, Иран, во 1971 година. Тоа е меѓународен договор за заштита и одржливо користење на водните живеалишта за да се спречи нивното уништување и да се нагласи нивната еколошка стопанска, културна, научна и рекреативна вредност. Македонија досега имаше две рамсарски места - Преспанското и Дојранското Езеро. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе