Царовска: Со буџет од 48,6 милијарди денари за 2020 година вложуваме во поквалитетен живот

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска го презентираше граѓанскиот буџет за 2020 година. На прес-конференцијата во Владата на Република Северна Македонија, Царовска истакна дека вкупниот Буџет на Министерството за труд и социјална политика за идната година изнесува 48,6 милијарди денари, од кои речиси сите односно, 47, 5 милијарди денари завршуваат кај граѓаните.

„Создадовме буџет којшто носи социјална сигурност на лицата во социјален ризик. Ги поддржува децата и детскиот развој и обезбедува социјална сигурност на повозрасните. Ние се грижиме од најмладите до највозрасните лица во нашата држава, затоа и најголемиот дел од парите од буџетот на МТСП одат директно кај граѓаните", рече Царовска.

Според буџетските ставки за 2020 година 10,5 милијарди денари се предвидени за социјални трансфери. Дел од овие пари односно 600 милиони денари се предвидени за исплата на детски додаток, за образовен 672 милиони денари, а за социјална пензија 468 милиони денари. Со останатите средства ќе се исплаќа ГМП и други социјални трансфери.

„За идната година за новата мерка субвенционирање на плати планираме 2,4 милијарди денари. Оваа Влада покажа дека носи ефикасни мерки, без при тоа да прави дупки во фондовите. На име на придонеси за зголемените плати во Фондот за здравствено осигурување планирано е да се уплатата 700 милиони денари, во Агенцијата за вработување 100 милиони денари и во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување 1,6 милијарди денари", рече Царовска.

Со цел да им обезбедиме подобар живот на младите вработени лица до 23 години во производствена дејност воведуваме младински додаток. За исплата на месечниот додаток од 3.000 денари за 2020 година предвидени се 160 милиони денари, и истиот се очекува да го примаат околу 4.000 лица.

„Министерството за труд и социјална политика продолжува силно да инвестира и изградба, реконструкција и опремување на детските градинки. За оваа намена се предвидени 105 милиони денари, или над 17 милиони денари повеќе од лани", рече Царовска.

Министерката Царовска истакна дека за Оперативниот план за активни мерки за вработување за 2020 година се планирани 1,3 милијарди денари. Минатата година за Оперативниот план беа издвоени 1,1 милијарда денари, но со ребалансот на буџет средствата за ОП 2019 достигна 1,3 милијарди денари. За идната година стартуваме со исто вака висока сума, но очекуваме средствата да се зголемуваат како што ќе се зголемува интересот и реализацијата.

 

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе