Беса на Африм Гаши ги поддржува уставните измени и членството во НАТО

Движењето Беса на Африм Гаши преку соопштение потврди дека нивните тројца пратеници во Собранието ќе гласаат за уставните измени и ги повика медиумите да прават разлика кои пратеници се против.

„Сега, кога е актуелна улогата на пратениците за очекуваните уставни измени, а двајца пратеници, дојдени некогаш од една друга партија во Движењето БЕСА му се спротивставуваат на овој процес, бараме од медиумите да имаат разбирање за овие разлики и секогаш кога треба да информираат за ставот ‘против‘ на тие пратеници, да ги споменуваат преку нивните лични имиња или преку фракцијата која ја претставуваат. 

Притоа, ние уште еднаш потврдуваме дека Движењето БЕСА со своите три пратеници останува силно посветено на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО, убедена дека на тој начин се реализира и еден дел од нашата програма, но и еден висок интерес на Албанците во Македонија, кој воедно е и стратешка цел на државата“, соопшти Беса.

 

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе