Беса бара да се преиспитаат сите вработувања на роднини на владините функционери

Од државните институции бараме да се испита непотизмот, сите коруптивни конкурси од неколку министерства кои фаворизираат одредени групи блиски до владините функсионери, соопшти движењето Беса.

Движењето Беса реагира на овој феномен на непотизам и корупција како земја со резервирано место во НАТО. Државата мора да работи на владеењето на правото, искоренувањето на криминалот и корупцијата и елиминацијата на непотизмот, но врз основа на трудот на академски и професионални повици, соопшти Беса.

„Граѓаните не им дадоа доверба на оваа влада да ги вработат нивните роднини во институциите каде што платите надминува два пати од минималната плата во земјата, а од друга страна секој ден илјадници граѓани ја напуштаат државата, бидејќи владеачките партии во земјата наместо да создадат работни места за граѓаните, тие вработуват свои членови на семејствата“, се вели во соопштението на Беса.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе