ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Русковска треба на распит да ги повика и Заев, и Шекеринска, Ременски, Лазар Јанев...

Откако Јавното обвинителство и продолжената рака на Зоран Заев, Вилма Русковска ја потврдија веродостојноста на исказот на оштетениот што излезе во медиумите пред само два дена, целата криминална банда од СДСМ побрза да се заканува до медиумите со тужби до медиумите, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека се закануваа вчера кон медиумите, никој од нив, ама баш никој не се осмели да објасни што правеле тие самите на средби со осомничените во случајот „Рекет“, што разговарале, дали и колку пари земале од изрекетираните бизнисмени и најважното, дали и зошто Зоран Заев ја опструирал истрагата?

Цели 4 месеци, Вилма Русковска го имала исказот на оштетениот и не се ни осмелила да ги повика на разговор ниту Заев, ниту Шеќеринска, ниту фамилијата Ременски, ниту пак синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, ниту пак никој друг од раководството на СДСМ кој што на било каков начин е инволвиран во целиот случај.

Да потсетиме дека истата таа Вилма Русковска заради исказ на обвинет во случајот со 27 април бараше да им се изрече притвор на неколку лица, само заради тоа што беа спомнати во исказ на еден обвинет. Ете ги двојните стандарди на дело.

Прашуваме кога ќе биде повикан Зоран Заев во обвинителството и да каже како го штител Бојан Јовановски и да каже зошто ја опструирал истрагата?

Кога ќе биде повикана Радмила Шекеринска да даде исказ во обвинителството што разговарале со Боки 13 кај него дома и што правел нејзиниот сопруг во домот на  оштетениот? Кога ќе биде повикана фамилијата Ременски која се заканува со апсење на социјалните мрежи? Кога ќе биде повикан синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, и да каже на кој  начин ги склучувале договорите за рекламирање на бизнисмените и компаниите со телевизијата.

Бараме веднаш, ама веднаш да бидат повикани и да дадат исказ сите инволвирани во случајот „Рекет“. Обрачот се стега околу главата на криминалниот октопод. Зоран Заев е на самиот крај на политичката кариера“, изјави Арсовски.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе