Арсовски: Нов тендер во Министерството за здравство за поскапи услуги за граѓаните

На повидок има нов скандал за централизација на стерилизација во Министерството за здравство. Скандал помалку или повеќе сличен или идентичен на тендерот за реагенси кој пропадна инаку вреден 35 милиони евра. Тендерот за централизација на стерилизацијата на клиниките е во тек и вреди 13,7 милиони евра, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Главното прашање е кој близок до власта ќе го добие овој тендер и во чиј џеб ќе завршат овие пари на граѓаните? Тендерот по овој терк е планиран да воспостави монопол во наредните 15 години за стерилизации и сервисирање на клиниките. Оттука би сакале да поставиме повеќе прашања до Владата и до Венко Филипче. Дали ова е уште еден тендер по ист принцип на тендерот за реагенси?
Дали се свесни Венко Филипче и СДСМ дека со овој принцип на централизирано стерилизирање постои можност да се доведе до прашање здравјето на граѓаните? Планирано е целата опрема што ќе се стерилизира да се превезува до клиниките и болниците со возила и оттука постои можност дополнително да има опасност од инфицирање и бактерии.
Експертите коментираат дека на овој начин дури и 5 пати ќе се зголеми цената на стерилизацијата, а сето тоа ќе се плаќа од парите на граѓаните, а услугата сепак нема да е на ниво. Исо така постои и можност да се поскапи и цената на услугите за здравството за граѓаните.
Апелираме и повикуваме, веднаш да се стопира овој тендер и да се отвори поширока јавна расправа, за да се тргнат сите сомнежи во моментов. Венко Филипче е подготвен за чистење и метла. Оставката му е неизбежна. Додека пак институциите ги повикуваме да ги следат сите чекори на Филипче и Министерството за здравство, за да може да биде спречен уште еден огромен скандал што е на повидок", изјави Арсовски.

 

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе