ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Кој денеска го замолчи Боки 13 да не даде исказ? Со што е уценет да молчи?

Поминаа 5 месеци и дури денеска беше повикан на распит првоосомничениот во случајот „Рекет", Бојан Јовановски - Боки 13. Непрофесионалниот однос кон истрагата на Русковска обвинителството доведе до развлекување на целата истрага и доведе до невиден хаос во целата истрага, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако јавноста беше запознаена дека Боки 13 секој втор ден беше носен на клиника на прегледи каде што јавноста отворено се сомневаше дека таму има средби со одредени луѓе од истрагата инволвирани во случајот, затоа главното прашање кое што денеска сакаме да го поставиме е следното: Кој го замолчи денеска Бојан Јовановски алијас Боки 13 да не даде исказ во истрагата? Кој од врвот на власта се плаши од вистината која што може да ја каже Бојан 13? Кој од врвот на власта се плаши од исказот на Боки 13 да ја каже вистината? Со што е уценуван Боки 13 да замолчи и да не го даде својот исказ денес? После сето ова се гледа како Русковска свесно ја води истрагата под палка на Зоран Заев.

Сведоци сме изминатиов период на низа неправилности во целата истрага додека ја води Русковска обвинителството. Сведоци сме дека низ медиумите излегуваат мал милион докази, документи и записи од истрагата, каде што се гледа дека намерно и свесно се прикрива целата истрага.

Очигледно е дека истрагата на обвинителството за случајот „Рекет“ доцни повеќе од 5 месеци, а тоа се со една и единствена цел, да се прикријат нарачателите и доказите за целиот случај.

Боки 13 денеска беше свесно замолчен за да ги прикрие вистинските нарачатели на милионскиот рекет кој е можеби најголем скандал во историјата на Република Македонија.

Вистината мора да излезе на виделина и  верувајте дека ќе излезе на виделина. Во случајот „Рекет“ ќе одговараат и ќе ги сносат последиците кога ќе се смени власта во Република Македонија“, изјави Арсовски.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе