ВМРО-ДПМНЕ

Aрсовски: Филипче на тендер си протурка фирма од Албанија чиј сопственик е кривично гонет

Покрај сите наши јавни обелоденувања на скандалот со тендерот за стерилизација, Венко Филипче вчера на очиглед на целата јавност си ги протурка фирмите за кои ние јавно алармиравме дека се сомнителни и целиот тендер го прават скандалозен. Ние уште вчера пред отворањето на понудите јавно предупредивме дека тендерот е наменет за фирма поврзана со албански бизнисмен, која има врска со тендерот за стерилизација во Албанија каде што истата фирма е кривично гонет, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се работи за 2 фирми кои се активни на тендерот поврзани со албанскиот бизнисмен Илир Рапај. Фирмите Е вита Албанија и Стери Мед Италија се поврзани со Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите во конзорциумот истиот Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од 3 компании. Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.

За фирмите поврзани со Илир Рапај и неговите бизнис партнери веќе се води истраги во Албанија и во Италија, а искуството на граѓаните и здравствениот сектор во Албанија е сериозно лошо. Истото го чека и здравствениот систем во Република Македонија доколку не се прекине веднаш овој тендер кој го турка Венко Филипче. Највеќе од сето ова ќе страдаат граѓаните и сѐ ќе оди на нивна штета и нивни грб.

Втор пат го фаќаме Филипче во лага и во обид да намести тендер за кој однапред се знаеше кој ќе го добие. Уште еднаш се покажа и докажа дека на Венко Филипче воопшто не му е важно здравјето на 2 милиони граѓани, туку поважно му е некој да се офајди дебело од неговите тендери.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе