Реакција на Алијанса за Албанците

„Арачиново нема вода затоа што општината не ги платила сметките за струја за пумпите“

Како советник на општината, избран претставник на народот, имам законска и морална обврска јавно да одговорам и да го изразам револтот на граѓаните на Арачиново за многу прашања и проблеми со кои се соочува Арачиново за кои локалното раководство не прави ништо да им излезе бо пресрет на граѓаните, па дури ја заклучија и зградата на Комуната, вели во писмената изјава Скендер Исуфи, општински советник на Алијанса за Албанците - општина Арачиново.

 „Главните и најитните проблеми се:

Повеќе од два месеца над 15,000 жители на Арачиново немаат вода, причината е прекинувањето на електричната енергија од страна на ЕВН во пумпите што пумпаат вода од бунари заради неплаќање на сметките од страна на општината. Ова е огромен проблем дури и за двете основни училишта каде учат над 2.000 ученици. Според информациите што ги имам како општински советник, тоалетите не работат заради недостаток на вода и ова претставува потенцијален ризик од ширење на епидемиска болест.

Друг многу алармантен проблем е состојбата со отпадот. Пред секоја куќа во Арачиново е формирана мини депонија затоа што надлежното општинско претпријатие престана со работа повеќе од еден месец без никакво оправдување, и како резултат во Арачиново мириса многу лошо и стана опасно место за живеење. Жителите кои имаат  можност ги чистат, но ова не е решени.

Јас, како советник на Алијансата за Албанците и единствениот опозициски претставник во Советот на општината, сум должен јавно да ги објавам овие многу сериозни проблеми на жителите на Арачиново, затоа што во Советот на општината воопшто и не се грижи за овие проблеми.

Апелирам до Министерството за екологија и лично до премиерот Заев, кој ги доби гласовите на Арачиново, со надеж за подобар живот, да ги преземе потребните итни мерки за решавање на овие два многу итни проблеми со кои се соочува Арачиново.

Потсетувам дека ова е последен пат што јавно ви се обраќам за да ве молам да ја извршите работата за која народот ве легитимираше, а вие сте должни да ја извршите. Во случај на небрежност, следниот чекор што ќе го преземеме со жителите на Арачиново се протестите на регионалниот пат Скопје-Куманово“, вели Скендер Исуфи.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе