ВМРО-ДПМНЕ

Андоновски за Еуростандард: Имаме евроТАТ, а на тоа ЈО, НБРМ, УФР молчат

Во време во кое вие, чесните граѓани на Република Македонија, својата тешко заработена заштеда сте сметале дека ви е на безбедно, 29 струмички фирми се богателе на ваш грб. Овие фирми, кои се директно поврзани со фамилијата Заеви оствариле профит од 13 милиони евра од невраќање на кредити кои ги земале без покритие од Еуростандард банка, изјави денеска Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во време во кое вие не можете да врзете крај со крај, фирмата Сара инженеринг на Вице Заев, како и Глобал медиа груп и Тритерол, кои се фирми на бизнис партнерите на Заеви, земале кредити без покритие и од невраќање се стекнале со богатство од 13 милиони евра.

Имате 13 милиони причини за револт, за протест и за барање правда.

Во време во кое 40.000 граѓани се без работа, поврзани фирми земале фиктивни кредити без никаква одговорност да ги вратат парите. Овие фирми со месеци наназад не ги плаќале кредитите во Еуростандард банка.

Во време во кое власта предводена од Заев има катастрофално ниска реализација на капитални инвестиции и не може да обезбеди одржливост на економијата, пајажината од Еуростандард се протега низ цел струмички регион. Ова е ТАТ на 21-от век. ЕвроТАТ. И на сето ова ЈО се прави глуво. Глуви се прават и НБРМ, УФР, Управата за Финансиска полиција и УЈП.

Не е возможно фирми да земаат кредити, во време кога банката е под надзор од НБРМ без никаква контрола. Тие фирми потоа кредитите не ги враќаат и никој не забележува, никој не реагира. Овде се работи за организиран криминал, каде директно оштетени се клиентите на банката, бидејќи се работи со измама на нивните пари. Зошто се уште се молчи од институциите?

Дали молкот е за да се дозволи фирми блиски до фамилијата на власт да прават милионски профити користејќи туѓи пари? Пари на граѓаните кои мислеле дека заштедите им се на безбедно. Замислете, граѓаните организирано да не ги плаќаат своите обврски. Дали тогаш ќе молчеа обвинителите и извршителите.

Еуростандард банка е оштетена. Банкарскиот сектор е оштетен. Сигурноста во него е под знак прашалник. Но, најболно е што најоштетени се десетина илјади пензионери кои не можат да земат пензија. Оштетени се штедачи во банката за нивните влогови. За овој евроТАТ има виновник. Името му е Зоран Заев“, изјави Андоновски.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе