ВМРО-ДПМНЕ

Aндоновски: Милиони евра европски пари се злоупотребени од агенцијата на Лидија Димова

ВМРО-ДПМНЕ има сериозни сомненвања дека милиони евра од европските фондови се злоупотребуваат преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. За да имате претстава за колкави средства станува збор, само ќе напоменеме дека оваа агенција лани располагала со буџет од приближно 6 милиони евра, изјави денеска Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку сомнителни одлуки на сомнителни евалуатори, едни исти невладини организации постојано добиваат голем дел од колачот, а не останале со куси ракави и луѓе кои биле дел од судската власт. Постојат сомневања дека луѓе инволвирани во целиот процес, толку биле охрабрени што дури и преку електронска пошта барале процент од парите кои би биле доделени за одреден проект, а како против услуга ја нуделе нивната помош и посредување. Стотици илјади евра на агенцијата се трошени и на сомнителни набавки кои треба да бидат интерес на органите на прогонот“, рече Андоновски.

Првиот рок за аплицирање на проектите од клучна акција (КА105) беше 5 односно 12 февруари годинава, а Националната агенција во Македонија ги објави на 8 јуни.

„На овој начин на апликантите кои беа одбиени во првиот рок на аплицирање им беше одземено правото своите проекти да ги корегираат и со нив да аплицираат во вториот рок во април.

Само како пример ќе наведам дека Националната агенција на Португалија резултатите ги објави на 6 април, на Финска на 29 март, Националната агенција во Летонија на 19 април. Со жалење констатирам дека истото се повторува и сега во месец август и септември“.

Од партијата велат дека директорката на агенцијата Лидија Димова, од само нејзе познати причини, на нетранспарентен начин ги води сите постапки за доделување на средства на невладини организации. Во ненавремено објавените резултати ги нема ниту потребните информации, кои според строгите правила на Еразмус мора да бидат објавени. Во резултатите недостасуваат информации за тоа колку вкупно проекти аплицирале, кои од проектите се на листата за чекање, со колку поени се бодувани аплицираните проекти, како и областите и насловите на проектите, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од прикажаното не може да се види ниту името на проектот, ниту колку бодови имаат наградените проекти. Димова и нашата Национална агенција, во желба нешто да скријат, објавуваат само оскудни информации за одобрените средства. Да не забораваме дека Лидија Димова, додека беше во опозиција не престануваше да зборува за транспарентност, отчетност и непартизираност. Затоа прашуваме: дали намерно постојано се доцни со објавување на информациите за да се фаворизираат одредени организации на сметка на останатите?

Ова доаѓа од фактот што евидентно од нашата анализа е дека 4 од 6-те организации кои во првиот циклус во февруари 2019 добиле грантови само во оваа клучна акција 105, се грантисти од изминатите години на владеењето на Димова. Така на пример Европски културен епицентар – Битола добил 2 грантови, Младинска алијанса Крушево - Младински сојуз Крушево - 3 грантови, Сумнал Скопје - 5 и Мрежа за доживотно учење Тетово 2. Зборуваме за вкупна сума од околу 170.000 евра. Ако побарате информации за овие организации, ќе видите дека дел од нив немаат достапни годишни извештаи, а раководната структура се крие како змија нозе. Ако ги видите пак нивните активисти, ќе видите дека дел од нив беа исклучително активни во т.н. граѓански протести кои го донесоа СДСМ на власт. А се работи за средства на граѓаните на ЕУ, за кои Европската комисија води посебна грижа“, изјави Андоновски.

Тој праша дали на овој нетранспарентен начин, Лидија Димова преку НА сака да му наштети на цивилниот сектор во Република Македонија и да се спречи негово слободно развивање без контрола од власта? Дали Националната агенција и доделувањето проекти е директно контролирано од една невладина организација која е блиска до Лидија Димова и до уште неколку пулени на сегашната власт на СДСМ, меѓу кои и министри, заменици министри и сегашни и поранешни функционери? Дали Националната агенција наместо парите да ги распределува на НВО и образовни институции во крајно спорен процес, троши над 6 милиони денари за себе промоција и маркетинг? Дали Лидија Димова доделува огромни финансиски средства на подобни луѓе од правосудниот свет, со цел корумпирање и нивно придобивање во борбата со политичките неистомисленици?

„Време е за одговорност на менаџерите на институциите, заради срамот и омаловажувањето кое и се случува на Република Македонија, особено во областите кои се од интерес на младите а поддржани од Европската Унија. Но кон ЕУ не се оди со празни фрази за блескање и исполнување критериуми, а од друга страна со крајно сомнителен и нетранспарентен пристап во работењето. Одговорност и одговори мора да има“, изјави Андоновски.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе