Соопштение

АМСМ: Градежни работи се изведуваат кај наплатната станица Романовце

Градежни активности на државен пат А1 – наплатна станица Романовце, со цел поставување на патна опрема на наплатни станици за подобрување на безбедноста во сообраќајот се изведуваат вчера и денеска. Времениот режим се спроведува согласно Одобрението издадено од Министерството за транспорт и врски. Сообраќајни знаци се поставени и кај наплатната рампа Петровец, но градежните активности не се започнати.

Исто така на наплатната станица Петровец, во правец Скопје – Петровец, како и на наплатаната станица Миладиновци, во правец Скопје – Миладиновци се поставени знаци за сообраќаен режим, но не е изменет постојаниот тек на сообраќајот. Градежните активности ќе се изведуваат во текот на наредната недела кога ќе има поволни временски услови.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе