Реакција

Амбасада на Русија: За какво мешање зборува Саливен кога се знае дека на 19 октомври Бејли беше во Собранието

Би сакале да го вратиме американскиот службеник во реалноста. Прво, „јасна волја на македонските граѓани" беше изразена со неуспешниот исход на референдумот во балканската република на 30-ти септември. Мнозинството од населението го отфрли наметнатото од САД влечење на Скопје во евроатлантските структури во замена за промената на државното име и откажувањето од националните интереси на земјата. Ова се вели во реакцијата на амбасадата на Руската Федерација во Македонија на „новата серија на обвинувања против Москва за некакво мешање во внатрешните работи на Република Македонија".

Овој пат овие обвинувања ги искажа првиот заменик државен секретар Џон Саливен за време на неговата посета на Скопје на 18 декември, пишува во реакцијата на риската амбасада на нивниот фејсбук-профил. 
„Според Саливен, Русија го блокира пристапувањето на македонската држава во НАТО и се обидува да го спречи спроведувањето на Преспанскиот договор против јасна волја на македонските граѓани.
Второ, во однос на мешањето на Русија, добро е познато дека американскиот амбасадор беше присутен во зградата на Собранието на Република Македонија за време на сканадалозното гласање на 19 октомври оваа година. За да се обезбедат неопходните резултати беа користени валкани манипулации, поткуп и уцена на пратениците, што стана познато во јавноста. Покрај тоа, не руските, туку посетителите од САД, ЕУ и земјите од НАТО речиси секојдневно доаѓаа едни по други во Скопје, само за да се наметнат уставните измени.
Сè е како и обично. Со неоснована антируска реторика, Вашингтон се обидува да го оправда своето бесрамно мешање во внатрешните работи на Република Македонија, да го легитимизира несоодветниот Преспански договор и да повлече уште една земја од Балканот во НАТО против волјата на граѓаните, како што беше случајот со Црна Гора во 2017 година", пишува во реакцијата на руската амбасада.
 
 
 
 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе