Алтернатива: Владата да престане да ја политизира пандемијата, сметката ја плаќаат граѓаните

Алтернатива преку соопштение до јавноста обвинува за крајно несериозен и неодговорен пристап на Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести и, воопшто, на Владата во управување со пандемијата и бара итно да се ангажираат сите професионални ресурси од различните сектори за справување со состојбата, но и подигање на свеста на граѓаните за почитување на мерките за спречување на ширењето на инфекцијата.

„За жал, оваа Влада, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести не ги презедоа потребните мерки за да го спречат навремено ширењето на инфекцијата со ковид-19 и ја занемарија потребата да се подготват за вториот бран. Како последица на тоа, нашата земја денес се соочува со вториот бран на пандемијата, која доаѓа со многу голем број на заразени и болни, а и со многу смртни случаи“, велат од Алтернатива.

Според партијата, има недостаток на капацитети, медицинска опрема и други материјали за лекување, особено во потешките случаи, но и на другите хоспитализирани пациенти, има недостаток на потребниот медицински персонал, како последица на континуираната инфекција и болест на голем број од овој персонал кога нема соодветни материјали и простории во голем дел од болниците во нашата земја.

Исто така се обвинува за хаос, лошо управување и неправилна и нефункционална комуникација помеѓу ковид-центрите, за губење на довербата во здравствениот систем, за политизација на здравството и судир со други интереси, а додаваат дека има и

недостаток на унифициран и усвоен протокол за лекување на овие пациенти.

„Во време кога министерот за здравство изјавува дека и болничките капацитети на приватните болници ќе бидат ангажирани во справувањето со пациентите со ковид-19, во време кога Владата прогласува 30-дневна кризна состојба, разбирливо е дека јавниот здравствен систем во нашата земја е пред колапс и дека јавното здравје е влошено многу.

Веќе е очигледно дека Владата нема способност за справување со оваа криза, но сметката за овој неуспех ја плаќаат граѓаните со здравствени последици, со економски и социјални последици, но, за жал, голем број случаи и со нивните животи“, пишуваат од партијата.

Алтернатива, како што додаваат во соопштението, бараат „Владата да престане да ја политизира пандемијата и да биде отворена за сите што можат да помогнат, со цел да не се нанесува штета уште повеќе по здравјето на граѓаните“. Во спротивно, на земјата, велат ѝ треба итно друга влада.

Од партијата уште повикуваат граѓаните строго да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето и да водат максимална грижа со цел да не бидат ниту жртви на инфекцијата, ниту пак, извор на инфекцијата.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе