Претседателски избори 2019

Алтернатива: В недела Албанците ќе ја запечатат евро-атлантската иднина

Централниот штаб и локалните штабови на Алтернатива вчера ја завршија кампањата и денеска информираат дека ги повикуваат сите граѓани в недела да излезат на гласање и да гласаат за опцијата која гарантира интеграција во НАТО и ЕУ и која е против враќањето назад во антизападните агенди. Гласајќи за Стево Пендаровски, ние практично потврдуваме на која страна сме и каква иднина им обезбедуваме на нашите поколенија, соопштува Алтернатива.

„Свесни дека ниту еден кандидат Албанец не може да помине во вториот круг и свесни дека не треба да се дозволи повторување на грешките од минатото, кои може сериозно да му наштетат на евро-атлантската иднина на земјата, ние од првиот круг бевме транспарентни со нашиот гласач и тоа се потврди со гласовите кои кандидатот Пендаровски ги освои во бастионите на Алтернатива.

Убедени во ова, и оваа недела сите локални штабови на Алтернатива ќе бидат отворени и сиот наш човечки капацитет ќе биде активен не само во постигнување не потребниот цензус, за што не се сомневаме, туку и за да потврдиме дека албанскиот глас е одлучен за одредување на иднината на Северна Македонија“, соопшти Алтернатива.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе