Aлтернатива: Случајот „Титаник“ ја потопи правдата и демократијата во РСМ

Повторувањето на судењето на случајот „Титаник“, во којшто високи функционери на ДУИ беа обвинети за изборна манипулација, односно кражба на гласови и граѓанска волја на локалните избори во 2013 година, е застрашувачко предупредување дека оваа влада се одлучува за стариот терк на обиди за победа на претстојните локални избори во октомври, реагира Алтернатива.

„На овој начин, како и во безброј други примери, демократијата кај нас потона. И, ова не е ниту прв пат, ниту последен пат, да се легитимира манипулацијата со волјата на граѓаните.

Всушност, и на локалните избори во 2017 година, сите владејачки партии се ангажираа со целиот државен апарат и ја украдоа победата на тогашниот кандидат во Чаир, Зеќирија Ибрахими, и никој до ден денес не бил повикан да одговори за оваа државна интервенција во основното право за непречено и слободно гласање.

Сепак, судството и владата можат да ги ослободат крадците на гласовите, но тие не можат да ја спречат волјата на граѓаните, која денес е поодлучна од кога и да е да ги симне од сцена узурпаторите на гласовите“, пишува во партиското соопштение.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе