Писмо од Австралија

Ало пензиски фонд, дали некој таму работи?

Читателите на Австралиско-македонскиот неделник се пожалиле до редакцијата дека веќе осум месеци не добиле македонска пензија. Не добиле ни образложение за доцнењето. Новинарите на неделникот се обидоа да стапат во контакт со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и еве го резултатот од таа нивна потрага.

„На телефонскиот број 0011 3892 3250-100, после долго чекање да се јави операторот, бидејќи телефонот автоматски се вклучува и се нуди опцијата на која се бара да се избере локал, најпосле не поврзаа со секретарка. Побаравме каде може да се зборува со некој за проблемот затоа што долго време не се исплаќаат македонските пензии во Австралија, иако уредно се испраќа „Потврда за живот”, на секои шест месеци, како што бара фондот и како што ги тера сите пензионери и самата Австралија.

Веднаш се обидоа да нѐ приклучат, и после долго туткање и чекање пак не врати системот кај истата секретарка. Повторно се обидоа да не приклучат и пак после долго чекање некој од другата страна го крена и луто го тресна телефонот со што не исклучи од линијата.

Се амбициравме повторно да се јавиме кај истата секретарка и ја замоливме дека доколку повторно нѐ исклучат да ни даде барем број на локалите за да не мора да се враќаме кај неа без потреба. Дамата беше љубезна и ни ги даде сите „најдобри“ директни локали за проблемот со пензиите и тоа беа броевите: 3250 270, 3250 260, 3250 294, 3250 287, 3250 285, 3250 278. Замислете, на сите се јавивме и тоа по неколку пати, но никој не креваше и се чекаше да се исклучи самиот повик од долго ѕвонење.

Не може да ги оправдаме дека сите биле на пауза бидејќи се јавувавме од 10 до 11,30 часот по локалното време. Мораме да заклучиме дека е срамота како оваа државна институција работи“, пишува во Австралиско-македонскиот неделник.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе