Реакција

Алијансата за Албанците: Случајот со ИВЗ мора да се расчисти, а не да се инструментализира

Се надеваме дека оваа институција ќе смогне сили да ги направи неопходните промени, без да стане инструмент на темна стратегија на која било која политичка партија која се обидува да го „командува и Бога", се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците по синоќешните случувања во Исламската верска заедница.

„Изразуваме агриженост во врска со последните случувања во Исламската верска заедница. ИВЗ е институција со огромна духовна вредност за илјадници муслимански верници и како таква треба да биде автономна. За жал, политиката продолжува да ги пика рацете во оваа институција и да има влијание врз оваа заедница.

Поглаварот на ИВЗ потврди дека подолго време бил инструментализиран од политиката и како таков не заслужува и понатаму да ја врши неговата должност. Од друга страна, судската одлука помеѓу двата изборни циклуса, отвора сомневања дека повторно целта е инструментализацијата на оваа институција за политички цели“.

Алијансата за Албанците инсистира случајот да се разјасни и јавноста правилно да се информира, ИВЗ е институција која му припаѓа на народот и не е алатка на партиите за политички цели.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе