Алијансата за Албанците до МВР: До каде е со истрагата за случајот со автомбилот на инспекторот?

Загрижени сме поради недостигот на информации од страна на МВР во врска со случајот со автомобилот на инспекторот со кое се превезуваа наркотични средства. Дури и по повеќе од една недела, надлежните органи не даваат појаснувања какви правни мерки се преземени од страна на внатрешната контрола во рамките на МВР во врска со споменатиот случај, се веливо денешното соопштение на Алијансата за Албанците.

„Кој е инспекторот чие што возило го користеле за транспорт и продажба на наркотици и какви мерки беа преземени против него како припадник на МВР? Ги осудуваме ваквите случаи и бараме одговорност од органите на редот и обвинителството, но јавноста сè уште нема добиено никакво службено објаснување.
Нашите дилеми и сомневања се засноваат на фактот дека недостатокот на транспарентност во овој случај е резултат на политичкиот притисок од страна на ДУИ, засновано врз неофицијални извештаи пласирани во медиумите дека возилото со кое се превезувале и продавале наркотиците е во сопственост на партиски функционер на ДУИ од Гостивар.
Бараме од министерот Оливер Спасовски и заменик министерот Агим Нухиу да одговорат какви мерки се преземени од страна на МВР кон нивниот припадник и во која фаза на постапка се наоѓа соодветниот предмет", соопшти Алијансата за Албанците.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе