Алијансата за Албанците бара Заев веднаш да го разреши Османи кој е осомничен за корупција

Алијансата за Албанците го поздравува вчерашното соопштение на Специјалното јавно обвинителство за нов бран обвиненија во случаи на злоупотреби откриени од скандалот со прислушувањето. За посебно поздравување е покренатата истрага против вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, со кое се означува отворањето на првиот значаен случај против функционер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), реагира Алијанската за Албанците.

Оваа партија го повикува премиерот Заев веднаш да го разреши Бујар Османи со оглед на сериозноста на покренатата истрага против него за злоупотреба на државни пари во 2010 година, додека беше министер за здравство.

„По овој акт, Бујар Османи нема морален легитимитет да ја води агендата за европски интеграции, ниту стратегијата на владата за спроведување на приоритетите на итни реформи за ЕУ кои произлегуваат од Пржинскиот договор, кои главно се однесуваат на реформите во секторот за правда и борбата против корупција.

Покрај тоа, неговото понатамошно вршење на функцијата сериозно би ѝ наштетил на независноста на судството, имајќи го во предвид високото ниво на политичко мешање во судството, наведени и во сите неодамнешни независни проценки од страна на Европската комисија и Европскиот парламент. Бујар Османи треба веднаш да биде разрешен за да им овозможи на судиите да бидат во состојба да донесуваат одлуки без политичко мешање и притисоци.

ДУИ владее со земјата заедно со ВМРО-ДПМНЕ цела деценија, со корупциски скандали од широки размери, политички мотивирани и монтирани случаи против невини Албанци. Поради имунитетот што корумпираните функционери на ДУИ го уживаат, владата на Заев предизвика значителна недоверба во судството меѓу граѓаните, како што е наведено и од страна на ОБСЕ во својот прв извештај за евалуација на работата на СЈО.

Ова, како и секојдневните корупциски скандали на вицепремиерот Кочо Анѓушев и неколкумина други министри, го објаснуваат во голема мерка резултатот на референдумот од 30 септември за Преспанскиот договор, бидејќи граѓаните сѐ повеќе чувствуваат дека новиот режим базиран врз корупција и клиентелизам го заменува стариот режим.

Оваа влада веќе не е кредибилна. Итното разрешување на Бујар Османи и другите министри осомничени за корупција треба да го отвори патот за формирање на техничка влада која ќе ги има потребните бројки за усвојување на уставните реформи неопходни за спроведување на Договорот од Преспа и остварување на целосна еднаквост на заедниците во Република Македонија, пред државата да оди на нови избори.

Недејствувањето на премиерот Заев сега, ќе ја поткопа уште повеќе довербата на граѓаните во подготвеноста на Владата за интеграција во НАТО и ЕУ и на овој начин би го загрозила процесот инициран на 27 април 2017 година за трајно укотвување на Македонија во западот“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе