Алијанса за Албанците/Алтернатива: По извештајот на САД, Заев си ја предлага советничката во Судскиот совет

Арогантната влада на СДСМ-ДУИ се повеќе ја води земјата во пропаст и ја одалечува од евро-атлантските структури. Еден ден по извештајот на американскиот Стејт департмент за криминал и корупција, каде посебен акцент беше ставен на судството, оваа влада реши да одговори со скандалозна одлука, се вели во денешното соопштение на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

 

„Финансиерот на СДСМ, советничка на Зоран Заев и член на управниот одбор на Телеком, Тања Чацарова Илиевска е предложена за член на Судскиот совет. Како член на овој совет, јасно е кои судии ќе ги именува утре во судовите во земјата и каде ќе заврши партиската спирала на судството. 

Овој случај покажува дека СДСМ-ДУИ станаа уште полоши од Груевски и дека судиите од „тефтерот“ на Јанкуловска се заменуваат со оние од кабинетите на  СДСМ-ДУИ“, соопшти коалицијата АА/А.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе