Реакција

Алијанса за Албанците: Заев и Ахмети наместо албанскиот го воведуваат српскиот јазик како изборен предмет

Во врска со изјавата на премиерот Заев за воведување на српскиот јазик како изборен предмет во наставната програма, сакаме да потенцираме дека не сме против ниту еден јазик, но ние често зборувавме за парадоксите и апсурдот на креирање политики во Македонија, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

„Таков парадокс  слушнавме и денес. Зоран Заев, во кампања барајќи гласови од Албанците, вети албански јазик како изборен предмет за Македонците низ целата земја, а од друга страна неговиот партнер Али Ахмети, на последните избори вети албански јазик како задолжителен предмет од петто одделение за македонските ученици, но наместо овие две ветувања, заедно сакаат да го направат изборен предмет српскиот јазик“, соопшти АА.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе