Алијанса за Албанците: Заев да им се извини на административците и да си ги види корумпираните министри и директори

Зоран Заев итно да се повлече од вчерашните обвинувања кон јавната администрација и да им се извини на сите администратори. Амнестирање на министри и директори од корупција и обвинувањето на администраторите за неодамнешните проценки на Стејт департмент е само низок обид да се дефокусира јавното мислење и силен удар врз оние кои веќе работат под постојан притисок и во мизерни услови, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

„Во време кога имаме јавни докази за корумпирани министри и директори, разрешени и осудени функционери, поранешниот директор на здравствено осигурување, „пациентот“ кој дури е унапреден во поранешен генерален секретар на Владата, ваквите изјави на премиерот Зоран Заев јасно покажаа дека во Владата не постојат само криминал и корупција, туку и организиран криминал.

Итно да запрат нападите и нападите врз јавната и државната администрација, тие и онака имаат голем притисок и условувања за време на изборните процеси, ниски плати и тешки услови за работа“, соопшти Алијансата за Албанците.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе