Алијанса за Албанците: Владините мерки во Куманово предизвикаа паника

Владата воведе полициски час во општина Куманово, од вчера во 21 часот до понеделник во 5 часот. Целосна забрана за движење за викендов. Хаосот создаден вчера попладнево во Куманово, како резултат на овие мерки, ја зголеми загриженоста на граѓаните уште повеќе. Од паниката нема никаков придонес затоа оваа форма на управување со ситуацијата создава контра-ефекти, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците на вчерашната владина одлука.

„Препораките за одржување на социјалната оддалеченост воопшто не се почитуваше од напнатоста на граѓаните да ги обезбедат основните потреби за храна за наредните денови како резултат на ад-хок повикот на Владата за полициски час, што создаде паника и конфузија кај граѓаните.

Ги повикуваме граѓаните да продолжат да ги следат препораките на здравствените власти за социјална дистанца со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот. Во исто време, ги повикуваме државните власти да не создаваат хаос што ќе им наштети на граѓаните.

Поминавме низ многу тешки ситуации како нација и успешно ги надминавме сите како резултат на солидарност. Без паника, ги молиме сите граѓани да бидат трпеливи. Ќе победиме сите заедно, со чување на мирот и внимателни. Заедно ќе успееме, со трпеливост и упорност“, се вели во реакцијата на АА.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе