Алијанса за Албанците: Владата на СДСМ-ДУИ дозволи да го нема албанскиот јазик на банкнотите

Владата на СДСМ-ДУИ, заедно со Народната банка вчера известија дека на новите банкноти не ќе фигурира албанскиот јазик. Оваа одлука е неправедна и е спротивна на Законот за употреба на јазиците, односно албанскиот јазик, со кој се предвидува банкнотите и полициските униформи да бидат и на албански јазик, или како што е предвидено со Законот за јазиците кој го зборуваат најмалку 20 % од населението на целата територија на Северна Македонија, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

„Овој нов моментум покажува дека Владата на СДСМ-ДУИ, која постојано се повикува на двојазичност и се обидува да претставува еднакви вредности на јазична еднаквост, не е доволно подготвена целосно да го имплементира Законот за јазиците.

Најавата на гувернерката на Народна банка на Северна Македонија, дека новите банкноти со новото име на државата ќе бидат без албански јазик и само на македонски јазик. Од ова се гледа демагогијата на ДУИ, која секогаш велеше дека новите банкноти и полициски униформи ќе бидат и на албански јазик.

Ја прашуваме ДУИ зошто дозволи Народна банка на Република Северна Македонија да донесе одлука за нови банкноти без албански јазик, додека сѐ уште немаме оценка од страна на Венецијанската комисија за двете оспорени одредби за употребата на албанскиот јазик во банкноти и во полициски униформи.

Зошто ДУИ дозволува да го нема албанскиот јазик на банкнотите, додека немаме ниту одлука на Уставниот суд, кој е најповикан и најкомпетентен орган за оспорување или не, на двата члена од Законот за употреба на јазиците. Овој моментум, всушност, ни кажува дека ДУИ нема ниту капацитет, ниту знаење да ги штити барањата на албанските гласачи  и албанскиот јазик, како што предвидува законот.

И на крајот, му се обраќаме на СДСМ и премиерот Зоран Заев, дека избори ќе има пак во РСМ и тие не ќе можат да манипулираат со Албанците со „јазична еднаквост“, сѐ додека делумно го применува Законот за јазиците, со што им дава до знаење на Албанците дека албанскиот јазик во РСМ воопшто не е официјален и еднаков на македонскиот“, соопшти Алијансата за Албанците.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе