Алијанса за Албанците: Судството со двојни стандарди, Албанците во затвор без докази, Катица Јанева одмара дома

Сведоци сме на една горчлива реалност и сè повеќе корумпиран судски систем. Сведоци сме на делумна и политизирана правда. Сведоци сме на губење на надежта за иднина во нашата земја, реагира Алијансата за Албанците на одлуката Катица Јанева да биде префрлена во куќен притвор.

„Алијансата за Албанците отсекогаш била гласна за сите неправди што се прават. Но, случајот ‘Рекет‘ дефинитивно го намали кредибилитетот на Специјалното Јавно Обвинителство, при што главниот осомничен е специјалната обвинителка Катица Јанева за злоупотреба на службената должност и корупција. Нагласуваме дека ова беше шокантен момент за граѓаните кои ја загубија сигурноста и довербата во СЈО и целосно во судскиот систем.

Алијансата за Албанците остро реагира на одлуката на Апелацискиот суд, кој ја прифати жалбата на Јанева, дозволувајќи ѝ да биде во куќен притвор. Нагласуваме дека имало десетици случаи на албански затвореници за политички монтирани случаи, против кои истиот суд одби да ја изрече мерката куќен притвор.

Ја потсетуваме јавноста дека Апелацискиот суд неправедно одлучи и за случајот на Фета Алими, при што повеќе пати беше одбиено барањето на одбраната да го ослободи Алими од притвор на куќен притвор.

Ова е нашиот правосуден систем кој често работи по двојни стандарди, што е истовремено и најтемната дамка на нашето општество. Овој правосуден систем, заедно со државната полиција која не успеа да го спречи бегството на Никола Груевски, е истиот што не донесува пресуди во случаите што ги отвори СЈО, ова е ‘правдата‘ што денес ја пушти Јанева во куќен притвор додека неправедно ги држи Алими и другите Албанци за монтирани политички процеси“, пишува во соопштението од Алијансата за Албанците.

Од партијата велат дека Владата и нејзиното влијание во судството со вакви одлуки овозможуваат да се избегне кривичната одговорност. Ова, според Алијансата за Албанците, е уште една причина поради која правосудниот систем треба итно да се реформира, и дека сите судии, обвинители, но и јавни службеници треба да бидат подложени на процесот на ветинг и треба да одговорат за нивниот професионален и морален кредибилитет.

„Овој систем на правда, со партиски судии и обвинители избрани од партиските канцеларии на ВМРО-ДУИ-СДСМ, станува главна пречка што го загрозува животот во нашата земја, безбедноста на граѓаните и интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ“, се додава во соопштението.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе