Реакција

Алијанса за Албанците: Судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“

Вчера режимот ВМРО-ДУИ го монтираше случајот Куманово, a денес судовите на СДСМ-ДУИ ги потврдија максималните казни против кумановската група, реагира Алијансата за Албанците на вчерашното решение и потврдување на казните од страна на Апелацискиот суд за случајот „Диво Насеље".

„Вчера режимот ВМРО-ДУИ со цел дефокусирање на вниманието на јавноста од скандалите на таканаречените бомби, го монтираше случајот Куманово, а денес новиот режим на СДСМ и ДУИ со истата цел и за дневни политики со исти механизми на фаќање на судството, ги потврди невидените казни во Нирнбершкиот процес.

Додека пресудите продолжуваат да бидат максимални само затоа што обвинетите се Албанци, јавноста не ја дозна вистината за тоа кој бил организаторот, кој даде наредба за пукање без предупредување за предавање кон момчињата во јуначката населба?

Дали е вистина дека била издадена наредба за егзекуција на најмалку двајца учесници во конфликтот откако тие се предале, што можеле да откријат овие линчувани лица...?

Само меѓународна истрага би дала одговор за сите овие дилеми, кои ние како Алијанса за Албанците бараме да се случи што е можно поскоро.

Албанците не можат да бидат жртвено јагне секогаш кога политичката класа во Северна Македонија треба да ги покрие своите скандали“, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе