Алијанса за Албанците смета дека Македонија е далеку од ЕУ, „лагите на СДСМ-ДУИ излегоа на виделина“

Од многуте лажни вести што ги продуцира министерството кое го раководи Артан Груби, се чини дека и самиот почна да се збунува и да верува во лагите што тој самиот ги нарачува, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

„Иако  Груби за медиумите изјави дека ќе заврши спорот со Бугарија, идниот нов премиер на Бугарија, Кирил Петков, ја отфрли можноста за укинување на ветото бидејќи според него, повеќе се прави пропаганда од Северна Македонија отколку преговори на овој план.
Бугарското МНР ја отфрли и лагата дека Франција презела иницијатива за решавање на спорот, а Бугарија останува непроменета во ставот кон Северна Македонија.
Манипулирањето со ситуации е единствениот успех на пропаднатата влада на СДСМ-ДУИ, коишто по секоја цена сакаат да ја задржат власта во свои раце за лична корист.
Сега, кога се наближува 14-ти, повеќе од јасно е дека Северна Македонија не е ни блиску до добивање датум за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Ставовите на Бугарија во ниту еден момент не се сменија, што значи дека ветото наметнато од Бугарија ќе биде пречка уште долго.
Ова докажува дека неподнесувањето оставката на Заев и сите што станаа дел од власта беа камуфлирани изговори под превезот на ЕУ“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе