„Овој ден ќе се памети како најцрниот ден на правдата во земјата. Криминалот, корупцијата и режимот се соединија за да го спасат од правдата нивниот кум, додека стотици граѓани се држат бесправно по затворите. Министерот и заменик министерот за неправда, Бојан Маричиќ и Агим Нухиу под итно треба да ги напуштат нивните позиции и да му се придружат на нивниот пропаднат шеф, Зоран Заев.
Ги уверуваме соучесниците во криминалот и челниците на овој режим дека многу брзо ќе дојде денот и ќе одговараат за секој криминал и неправда кон државата и нејзините граѓани“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.