„Актуелниот режим уште од првите денови по трагедијата почна да ја крие вистината, трагите од злосторството и да ги исмева роднините на жртвите депонирајќи ги, а потоа отфрлајќи ги оставките. За да биде иронијата поголема, министерот и заменик министерот за здравство не беа разрешени кога живи изгореа 14 тетовци, туку кога требаше да се прават политички пазарења за да преживее режимот. Ова само го потврдува тоа што постојано го предупредувавме, дека власта на хибридниот режим е поважна од животот на граѓаните“, пишува во соопштението од Алијанса за Албанците.
Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември, а во него животот го загубија 14 лица. Од нив 12 беа пациенти во болницата, а двајца роднини на пациенти, кои во моментот се нашле во болницата. Два дена по пожарот, оставки понудија директорите на болницата во Тетово, како и министерот и заменик-министерот за здравство, но тие не беа прифатени.