Aлијанса за Албанците: Прорусите заедно ја слават 20-годишнината од ДУИ и 70-годишнината на Кадиров

Тие кои имаат полна уста со реторика за интеграции и обвинувања кон другите за Русија, се демаскираа на најскандалозен начин. Во пресрет на 20-годишнината од нивната партија, претседателот на Собранието Талат Џафери прими делегација соработници на Рамазан Кадиров на 70-годишнината од таткото на прорускиот лидер. Сето ова се случи во Собранието на Северна Македонија, највисоката законодавна институција на земја членка на НАТО, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците по информациите дека Џафери лани примил делегација на на руската Чеченска Република.

Се гледа дека луѓето на Кадиров и Џафери се прегрнати, иако овој се обиде да ја сокрие средбата со тоа што не ја објави на официјалната веб-страница на Собранието. Работите да бидат уште полоши, еден од соработниците на Кадиров, кој ги објави фотографиите, ја опишува војната од 2001 година како верска војна, додека на Џафери не му пречат споредбите со проруските команданти на Чеченија“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе