Реакција

Алијанса за Албанците: Правата на Албанците зависат од бројките, Заев нема допир со реалноста

Колективните права на Албанците зависат од бројките и тоа го вели Уставот, а Зоран Заев не е над највисокиот правен акт, реагира Алијанса за Албанците на изјавата на премиерот дека правата на Албанците не зависат од нивниот број со пописот.

„Премиерот Зоран Заев одамна го загуби допирот со реалноста и неговите изјави не само што не можат да се земат како точни, туку претставуваат вознемирувачки аларм за тајните планови на Владата на СДСМ-ДУИ. Во меѓувреме, Артан Груби веќе докажа колку е лесно да се пазари на сметка на Албанците и тој најмалку има право да зборува за унапредување на правата“, пишува во реакцијата од Алијанса за Албанците.

Од партијата велат дека ваквите изјави на двајцата владини лидери и лиферувањата со бројки дополнително предизвикале сомнежи за тоа што се случува со пописот. „Владата и Државниот завод за статистика мора итно да дадат отчет и објаснување за тоа што се случува со страницата и базата на податоци за пописот, каква штета е направена од сајбер напаѓачите, дали е влијаено и на податоците од дијаспората и кој ќе биде одговорен за какво било мешање во бројките“, додаваат од Алијанса.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе