Алијанса за Албанците: Освен за „Рекет“, бараме разврска и за „Пациент“, „Титаник 3“, „Маџар телеком“...

Ја поздравуваме одлуката на обвинителството да го расветли и до крај да го истражи случајот „Рекет" носејќи ги на обвинителка клупа сите инволвирани во случајот вклучувајќи ја и Катица Јанева. Апелираме до надлежните правни институции да ги истражат сите случаи во кој се инволвирани функционери на ДУИ, почнувајќи од случајот „Маџар телеком", „Титаник 3" „Пациент" како и случајот со злоупотреби во пензиско-инвалидскиот фонд, соопшти Алијансата за Албанците.

„Ако сакаме да имаме целосна правда, тоа не треба да биде селективна и да важи само за еден дел од режимот, туку треба да биде бескомпромисно и да ги опфати сите без исклучок“, соопшти АА.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе